Company
Name

Сподели ја страницата

Постирај на Facebook
“Славјански дијалози“ на Владимир Лазаревски
Недела, 17 Јануари 2010 23:43
 

“Славјански дијалози“ е насловот на новот ЦД издание на обоистот Владимир Лазаревски. Меѓу изборот на композиции од славјански автори се најде и Сонатата за обоа и пијано од македонскиот композитор Стојан Стојков, заедно со авторите Клемент Славицки, Лилчо Борисов, Радомир Петровиќ и Иво Петриќ.
 
Лазаревски е придружуван од Милица Шкариќ на пијано, а издавач е Културно информативниот центар. 

Владимир  Лазаревски студира на Националната Музичка Академија „Панчо Владигеров” во Софија, кај проф. Георги Желјазов, каде што дипломира и магистрира во 2003 година. Една година подоцна Владимир добива целосна стипендија од Музичката академија „Лонџи” во Бостон, САД, каде заминува да се усовршува како обоист и камерен музичар. Својот музички профил го усовршува на многубројни семинари и мајсторски класови кај еминенти обоисти како Инго Горицки, Давид Валтер, Паул Гуди, Хелмут Мецера и др.

Лазаревски е лауреат е на меѓународниот музички натпревар Алегро Виво во Австрија 2002 г. и добитник на 3-та награда на натпреварот „Земјата и Луѓето”, Бугарија 2001.  Освојува први награди на државните натпревари во Македонија во 1996 и 1997 година. Владимир Лазаревски има бројни настапи на фестивали во земјава и странство како: Моцартеум и Алегро Виво во Австрија, Бостонски музички вечери во САД, Дартингтон во Англија, Скопско Лето, ДММ, БИТфест, Балкан класикал мјузик фестивал и др. Секако, на ова се приклучуваат и солистичките настапи со ансамбалот „Барокни Солисти“ во Софија, Академскиот симфониски оркестар во Бугарија и со Македонската филхармонија преку подиумот на млади.

Владимир Лазаревски е доцент по обоа, камерна музика и методика на дувачките инструменти на Факултетот за музичка уметност на државниот универзитет „Гоце Делчев“ во Штип. Тој е член на Music Progressive Quartet како и хонорарен соработник на Македонската филхармонија, Средното музичко училиште во Скопје, Штип и Тетово и оркестарот на ММЕ .

 
 
 
 
Банер
Банер
Банер
Банер

Кој е Онлајн

Има 14 гости присутни

Посетители:

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес81
mod_vvisit_counterВчера222
mod_vvisit_counterОваа недела839
mod_vvisit_counterОвој месец1826
mod_vvisit_counterВкупно98171