|
Четврток, 14 Јануари 2010 00:06 |
Евергрини од македонското музичко творештво вчера и завчера прозвучија во полната сала на Македонската опера и балет на традиционалниот Василичарски концерт. Публиката можеше да ги слушне македонските евергрини во две вечери, од кои картите за првата вечер во слободна продажба беа сосема распродадени, а за втората вечер картите ги откупи „Дајнерс“ и им ги подели на своите членови и деловни партнери.
Настапија Маја Оџаклиевска, Зафир Хаџиманов, Калиопи, Драган Мијалковски, Јаков Дренковски, Андријана Јаневска, Елена Петреска, Лидија Кочовска, Горан Наумовски, тенорот Ѓорѓи Цуцковски, Жак Хоудек од Хрватска, Зорица Попанкова, Ѓоко Танески, Џон Илија Апелгрин, Ана Мицковска, Ламбе Алабаковски, Елена Ристеска, Александар Тарабунов и Мартин Вучиќ. Диригент на двете вечери беше маестро Кире Костов. преземено од Дневник | | |
|