Company
Name

Сподели ја страницата

Постирај на Facebook
Се подготвуваат привилегиите за националните уметници
Среда, 13 Јануари 2010 15:28
 

Националниот уметник, титула предвидена со новиот закон за култура, кој е во владина процедура, од државата ќе добива еднократен паричен надомест во износ од две годишни просечни плати.
"Националниот уметник кој е во пензија, од Министерството за култура, месечно, покрај пензијата, ќе добива буџетски пари во висина која ќе се добие од разликата меѓу неговата пензија и 70 отсто од највисоката пензија во Македонија," објаснува портпаролката на Министерството Анита Јованоска и додава оти е одобрен буџет за издавање монографии на националните уметници.
Признанието ќе им се доделува на уметници што дале врвен придонес во градењето и унапредувањето на културата и уметноста и за нивна афирмација во светот, наградувани автори, и оние кои со својот израз извршиле влијание на следните генерации. Титулата ќе ја доделува Владата, врз основа на предлог од министерот за култура, а по претходно мислење на комисија, составена од најмалку пет члена кои ќе се именуваат на предлог од Советот за култура, и од МАНУ.
Иницијатива за доделување на титулата може да достават јавни установи од областа на културата, високообразовни и научни установи и релевантни здруженија на граѓани. Во текот на една година можат да се доделат најмногу пет титули, а комисијата е со мандат од две години.
 
Б. Нестороска
преземено од Вест
 
 
 
Банер
Банер
Банер
Банер

Кој е Онлајн

Има 14 гости присутни

Посетители:

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес105
mod_vvisit_counterВчера222
mod_vvisit_counterОваа недела863
mod_vvisit_counterОвој месец1850
mod_vvisit_counterВкупно98196