Company
Name

Сподели ја страницата

Постирај на Facebook
Да бев Моцарт немаше да се занимавам со политика
Вторник, 12 Јануари 2010 16:48
 

Политиката нема никакво влијание врз мојата музика, вели Иво Јосиповиќ, новиот претседател на Хрватска, по професија композитор и правник. Јосиповиќ е и долгогодишен претседател на Музичкото биенале во Загреб, еден од најкреативните и највозбудливите подиуми на авангардна и современа музика на територијата на бивша Југославија. Свири пијано и е автор на околу 50 композиции. Дипломирал на Музичката академија во Загреб, на одделот за композиција и напишал дела за солисти, камерни состави и симфониски оркестар.

- Музиката ја доживувам прилично апстрактно. Дури и кога моите композиции носат сликовити наслови како „Градината на Епикур“ или „Игра со стаклените перли“, зад нив стои многу апстрактно поимање на уметноста, кое во прв ред се базира на емоциите. Мојата музичка филозофија се темели на идејата за уметноста како нешто убаво, нешто во што треба да уживаат и изведувачите и публиката. Најсреќен сум кога гледам дека музичарите свират во занес, со насмевка на лицето, а публиката тропка со нозете на подот во ритамот на музиката - вели новиот хрватски претседател.

Јосиповиќ пишува главно камерна музика.

- Пишувам музика што не е широко популарна. Последниве неколку години, главно, пишувам камерна музика - за клавир, гудачки квартети, оргули. Често ме прашуваат дали жалам што не можам целосно да и се посветам на музиката. Тогаш би пишувал повеќе. Мора да признаам дека ме веселат и други работи. Како политиката, на пример. Ако бев сигурен дека сум Моцарт, сигурно дека сé друго ќе оставев и ќе се фокусирав само на музиката. Ама знам дека не сум - вели Јосиповиќ.

Неговите дела често се изведуваат, не само на хрватските музички подиуми, туку и во светот. - Голем дел мои композиции се репертоарни. „Самба да камера“, која е за гудачи, на пример, доживеа и преработка за четири гитари и за гитара и глас. И „Игра со стаклените перли“ е на програмата на дваесетина пијанисти. Овие композиции ги изведуваа ансамбли и солисти од Хрватска, Швајцарија, Полска, САД, Русија, Германија, Бугарија, Јапонија. Делата се снимени на дваесетина цедеа.

За публиката, која оди на Музичкото биенале во Загреб, Јосиповиќ вели:

„Публиката што доаѓа на концерти е различна. Доаѓа онаа класичната, но и публика што до доцна во ноќта ламентира со електронска музика. Таа разноликост, а и бројноста на публиката во последниве години, особно ме радуваат. Предрасудите за Биеналето како собиралиште на чудаци што истураат вода во клавирот апсолутно паѓаат пред фактот дека фестивалските настани ги проследуваат речиси 10 илјади посетители - вели хрватскиот претседател.
 
Ангелина Димоска
 
преземено од Нова Македонија
 
 
 
Банер
Банер
Банер
Банер

Кој е Онлајн

Има 15 гости присутни

Посетители:

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес106
mod_vvisit_counterВчера222
mod_vvisit_counterОваа недела864
mod_vvisit_counterОвој месец1851
mod_vvisit_counterВкупно98197