|
Вторник, 12 Јануари 2010 16:29 |
 Пијанистката Наташа Стојаноска ќе настапи со симфонискиот оркестар од Флорида на 30 јануари во Флорида, САД. - Возбудена сум. Пред неколку недели се пласирав меѓу седум финалисти на натпревар во Луизијана - вели Стојаноска. Инаку, таа две години студира на Универзитетот „Лин“, САД, а во слободно време дава часови по пијано и концентрира. - Свирам од шест години. Родителите ме запишаа во основно музичко училиште и така почна приказната. Шест часа во денот вежбам на пијано и среќна сум поради тоа - вели таа додавајќи дека омилени и се композициите од Рахманинов, Лист, Бетовен, Прокофјев и други. Освен што студира и свири, Стојаноска од пред неколку години пишува и композиции. Досега има компонирано две дела за пијано, едно за пијано и кларинет, за ксилофон, а моментно работи на гудачки квартет.
Св.Р. преземено од Време
| | |
|