|
Недела, 10 Јануари 2010 23:53 |
Фестивалот Охридско лето почна со подготвување на монографија во пресрет на 50-годишниот јубилеј посветена на најзначајните личности и настани што ја одбележаа оваа културна манифестација во изминатите пет децении. Тимот што ја подготвува монографијата е составен од луѓе што го следат фестивалот од самото негово формирање до денес, односно професорката Снежана Чадикоска, новинарот Марко Колоски и Ристо Стефановски во драмскиот дел. |
Директорот на фестивалот, Тони Симоноски, за роденденот на фестивалот (4 август) најави вечер на ветерани со имињата што изминативе години ја одбележаа оваа манифестација и богата и музичка програма. Во ликовниот дел, во тек се преговори за одржување на постхумна изложба во чест на Вангел Наумовски, а се преговара и со голем број уметници, меѓу кои и Гулсен Онај од Турција.
Во следниот месец во Сараево, на Охридско лето ќе му биде доделена награда за ширење на културата меѓу народите на балканските простори, а покрај нашиот фестивал, добитник на ова меѓународно признание е и фестивалот Сараевска зима. презмено од Дневник
| | |
|