Company
Name

Сподели ја страницата

Постирај на Facebook
Оркестарот на Бољшој театар ја одбележа 2009
Четврток, 07 Јануари 2010 19:07

На прашањето “Кој музички настан ја одбележа 2009 година?“, одговор побаравме од повеќемина истакнати македонски музиколози, публицисти, изведувачи и педагози.

Флејтиската Будимка Имери ги издвои: концертот на Симон Трпчески со оркестарот на Бољшој театарот, концертот на легендарниот Енио Мориконе кој настапи на фестивалот „Охридско лето”, рециталот на пијанистот Борис Березовски кој настапи на истиот фестивал, концертот на пијанистот Сергио Тиемпо кој настапи со Македонската Филхармонија, настапот на гитаристот Џорџ Бенсон на „Охридско лето” и концертот на пијанистката Дајана Крол кој се одржа во Универзалната сала.
 
Флејтистот проф. Страшо Темков за настан на 2009 година го издвои отворањето на концертната сезона на Македонската Филхармонија со изведбата на балетската суита „Жар птици” од Стравински под диригентската палка на маестро Урош Лајовиц.

Виолинистката Ана Кондратенко ги издвои настапот на виолинистката со јапонско потекло Мидори Гото, заедно со пијанистот Озгур Ајдин во рамките на фестивалот „Охридско лето”, а исто така и концертите на челистката Моника Лесковар и пијанистот Борис Березовски. Од последните големи впечатоци, Кондратенко исто така го издвојува концертот на виолинистот Валериј Соколов кој настапи со Македонската Филхармонија и неодамнешниот нејзин настап заедно со сопругот Олег Кондратенко во Софија.

Пијанистката Марија Вршкова за најуспешни настани ги издвои концертите каде што настапила со виолинистот Стефан Миленковиќ и челистката Моника Лесковар на фестивалот „Охридско лето”, а и настапот на манифестацијата Денови на Македонската музика 2009, заедно со Мориц Миленбах на виолончело и концертот на виолиниската Мидори Гото и пијанистот Озгур Ајдин.

Музикологот и публицист Тина Иванова го издвои концертите на легендарните изведувачи Чик Корија, Стенли Кларк и Лени Бајт на Скопскиот џез фестивал кој се одржа во Универзалната сала.

Нејзината колешка, Ангелина Димоска, ги издвои настапите на Симон Трпчески со оркестарот на Бољшој театарот и за него вели дека “...музички бил изработен најпрофесионално како и настапот на Енио Мориконе на Охридско лето“.
- “Фестивалите не понудија ништо ново. На “Мајски оперски вечери” слушнавме просечни и подпросечни солисти. На “Охридско лето” имаше вообичаена фреквенција на солисти какви што сме слушале милион пати досега. Ова беше една прилично бледа година кога станува збор за класиката - операта имаше малку премиери, за Вагнер може сеуште да “сонуваме” да се појави конечно на сцена”.

Музикологот и Претседателот на СОКОМ - Марко Коловски, исто така за најуспешен настан која ја одбележа 2009 година го издвои концертот на Трпчески со оркестарот на Бољшој театарот.
- “Ова е, по настапот на Израелскиот симфониски оркестар и славниот Зубин Мехта пред две години, без сомнение најголемиот музички настан. Имено на оркестарот, односно на неговата матична куќа доволно зборува за секој просечен љубител на музиката и на оперската уметност во светот. Овој своевиден музички храм кој постои речиси два и пол века до сега на светот му дал толку изведби, толку недофатливи уметнички задоволства, на неговата сцена стапнале толку славни имиња и биле изведени толку, исто така славни дела, што секое негово споменување предизвикува стравопочит насекаде во светот. Ете Оркестарот на Бољшој театарот годинава настапи во Метрополис арената, а со него и нашиот или подобро светскиот извонреден пијанист - Симон Трпчески. кои ги изведоа делата од Чајковски, Прокофјев и популарната Рапсодија од Паганини од Рахмањинов во која солистичката делнива со исклучителен успех ја исполни нашиот пијанист”.

Во потесниот круг за настан на годината, но од друг вид, припаѓа според Коловски и почетокот на градбата на концертната сала на Македонската Филхармонија

 

Ивана Нолчева
 
 
 
Банер
Банер
Банер
Банер

Кој е Онлајн

Има 19 гости присутни

Посетители:

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес68
mod_vvisit_counterВчера222
mod_vvisit_counterОваа недела826
mod_vvisit_counterОвој месец1813
mod_vvisit_counterВкупно98159