|
Среда, 25 Август 2010 21:36 |
Повеќе од илјада хористи од четириесеттина хорови и пејачки групи од 16 држави ќе учествуваат на годинашното трето по ред издание на Охридскиот хорски фестивал. Според програмата, во рамките на фестивалот што ќе се одржува од утре до 29 август предвидени се десет концерти, со настапи на хорови од Шпанија, Летонија, Србија, Литванија, Украина, Унгарија, Русија, Полска, Романија, Швајцарија, Италија, Бугарија, Словачка, Чешка, Хрватска и од Македонија. | |
|
Повеќе...
|
|
Четврток, 19 Август 2010 05:30 |
Незаборавно јубилејно фестивалско издание, без ниту едно откажување. Врвни уметници на фестивалската сцена и задоволна публика од програмата која помина во знакот на ретроспективата, вака првите луѓе на Охридско лето го оценија 50. издание на музичко- сценскиот фестивал на еден ден пред неговото завршување. Директорот на Охридско лето, Васил Зороски ...
| |
|
Повеќе...
|
|
Среда, 18 Август 2010 06:06 |
Во салата на Факултетот за музичка уметност - Скопје, вечерва во 20,30 часот, во рамките на македонската сесија од проектот „Пијано-рефлексија на европската култура“, ќе настапат пет пијанисти: Пјотр Косински - Полска, Николаус Гушлбауер - Австрија, Павел Мотичински - Полска...
| |
|
Повеќе...
|
|
Вторник, 17 Август 2010 06:05 |
Вечерва во салата на Факултетот за музички уметности во Скопје, со почеток во 20,30 часот, концерт ќе одржи триото „Интерарт“, во состав Татјана Божиновска - пијано, Емилија Ристевска Стефановска - флејта, Александар Стефановски - флејта.
| |
|
Повеќе...
|
|
Вторник, 17 Август 2010 06:02 |
Штипскиот градски дувачки оркестар, единствен во источниот регион и еден од најстарите во Македонија, веќе една година е бездомник, проби прави на улица, а свири на инструменти од кои некои се од времето на кралска Југославија. Инструментите, униформите и нотните записи музичарите ги чуваат дома, а најсериозен проблем им е што нема каде да ...
| |
|
Повеќе...
|
|
Вторник, 17 Август 2010 05:59 |
Рускиот пијанист и диригент Михаил Плетњов, уметничкиот раководител на Рускиот национален оркестар, ги продолжува концертните активности и покрај обвинувањата за педофилија на Тајланд - тамошниот суд му одобрил ...
| |
|
Повеќе...
|
|
Вторник, 17 Август 2010 05:57 |
Денеска во 20,30 часот во концертната сала на Заводот и музеј во Битола ќе се одржи концертот на познатиот виолинист Вацлав Худачек и Барок оркестарот од Чешка во рамките на манифестацијата „Бит фест“. | |
|
Повеќе...
|
|
Вторник, 17 Август 2010 05:54 |

Темпераментната и енергична изведба на Чајковски, Шопен, Прокофјев изнуди три биса на завчерашниот концерт на познатиот руски пијанист Денис Мацуев во катедралната црква „Света Софија“. Импресивната кариера го донесе на јубилејното 50. издание на Охридско лето. | |
|
Повеќе...
|
|
Вторник, 17 Август 2010 05:51 |
Македонскиот пијанист Симон Трпчески ќе ја почне новата концертна сезона во Њујорк, а ќе продолжи во Јужна Америка каде што ќе настапи првпат. Денеска во центарот „Линколн“ во Њујорк, во рамки на фестивалот „Претежно Моцарт“, Трпчески ќе отсвири Шопенова вечер.
| |
|
Повеќе...
|
|
|